Сопругот на моделот Кејти Клири се убил еден месец, откако таа е сликана како се забавува со Леонардо Дикаприо во Кан.
Ендрју Стерн(40) извршил самоубиство во неделата, само неколку недели откако неговата сопруга Кејти Клири (32) е сликана како се забавува со Леонардо Дикаприо, во Кан.
Како што наведуваат извори блиски на ова семејство, Ендрју бил депресивен и минувал нив тежок период, бидејќи се разведувал од Кејти. Од друга страна парот минувал низ големи финансиски проблеми. Пријателите велат дека капката која ја прелила чашата, било дружењето на Кејт и Лео во Кан минатиот месец.
Тие двајцата танцувале припиени еден до друг, а актерот и шепотел на уво. Инаку Леонардо е во врска со моделот Тони Гарн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.