Воен хеликоптер на украинската војска е урнат кај Славјанск од проруските сили, при што загинале шест украински војници и тројца членови на екипажот.
Хеликоптерот бил соборен при полетување од планината Карачун над Славјанск, каде што е стратешката позиција на артилеријата на владините сили.
Украинскиот претседател се закани со прекинување на примирјето поради инцидентот. Тој тврди дека проруските сили постојано го кршат примирјето и поради тоа ѝ издал наредба на војската да возвраќа на огнот без двоумење.
Од друга страна, премиерот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Александар Бородај, изјавил дека Киев не го прекинал огнот без оглед на прогласеното примирје кое треба да важи до 27 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Американски војници повредени кога хеликоптер им го оддувал шаторот
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
По земјотресот во Мексико се урна хеликоптер со мексикански министер, неколкумина мртви



