Во пожар што избувнал во 17 часот и 45 минути целосно изгоре куќата на Џ.Т.(33) на улицата Штипска број 143 во Тетово. Во пожарот нема повредени, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во гасењето интервенирала тетовската територијална противпожарна единица и за околу еден час огнот бил ставен под контрола, но претходно целосно била опожарена куќата и покуќнината поради што е причинета голема материјална штета.
Од увидот на стручните екипи треба да се утврди причината за овој пожар и висината на материјалната штета, рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.