| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Бевме на чекор од договор (Видео)

Liderska sredba zaev - gruevski 2014 (1) (Custom)На чекор бевме од договор кога лидерот на опозицијата, Зоран Заев, од мене побара да излезам со изјава дека ќе формираме техничка влада. Нормално тоа е неприфатливо – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Според него Разговорите течеле мирно. Но изненаден е од барањето за техничка влада. Посочи дека во моменти кога очекувал да се договорат термините кога работните групи би почнале со работа, инсистирањето на Заев изгледало како некој да го подучил на тоа. Сепак, Груевски не посочи кој тоа го подучува Заев.

-Нема причина за техничка влада, ние сега формиравме влада и работиме турбо – додаде Груевски, а на прашање што понатаму со оставките на пратениците од опозицијата вели дека во партија ќе разговараат за евентуални следни чекори.

Лидерот на опозицијата, пак,  не прифаќа разговор без техничка влада. Тоа, вели Заев е предслов за понатамошни разговори. Вели СДСМ е тука доколку власта се предомисли.

Иако, како вели Заев барањата на СДСМ преку јавноста биле добро познати, на прашање зошто тогаш СДСМ се појави на средбата кога исто така беше добро познат ставот на ВМРО- ДПМНЕ за неприфаќање за техничка влада, Заев вели дека не сакале да изгледа дека бегале.

-Дојдовме за да покажеме дека опозицијата е спремна за преговори, дека не бегаме – рече Заев.



Ваквиот исход од средбата беше очекуван, коментираат познавачите. Од една страна, за очекување беше дека Заев ќе бара начин да купи време и ваквото однесување е во насока да се зачува позицијата која што ја има во партијата. Тоа што сега ќе се случува во СДСМ е продолжување на приказната која раководството секогаш ја користи кога е во „тесно“ пред сопартијците – а тоа е дека сега „меѓународната“, односно странците, како САД или ЕУ ќе го присилат ВМРО- ДПМНЕ.

„Република“ во неколку наврати, пак, пишуваше дека токму странците им го завртеа грбот на СДСМ во нивните одлуки за бојкот и за напуштање на Соранието, со тоа и на непризнавањето на резултатите од изборите. Така всушност и барањето за техничка влада не наиде на разбирање ниту кај странските амбасади, ниту во седиштето на ЕУ во Брисел.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top