| четврток, 6 декември 2018 |

Напад на паника принуди авион да слета во Атина

avion

Авион на компанијата „Рајан ер“, кој летал од Солун за Кипар, денеска принудно слета во Атина откако патник добил напад на паника.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, сведоци изјавиле дека патникот стоел пред пилотската кабина и барал да влезе во неа, тврдејќи дека е механичар на авионот.

Членовите на екипажот и патниците успеале да го совладаат мажот, а авионот го сменил правецот и слетал во Атина. Останатите патници подоцна го продолжиле летот за Кипар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top