| четврток, 6 декември 2018 |

Раде Шербеџија: Требаше да го играм Распучин, но Кјубрик почина

Актерот Раде Шербеџија изјави дека требало да го толкува ликот на една од најмистичните и најконтроверзни личности во руската историја, Распучин, но дека веќе договорениот аранжман пропаднал поради смртта на режисерот Стенли Кјубрик.

rade serbedzija

– Откако го снимив последниот филм „Очи широко затворени“ со Никол Кидман и со Том Круз, Стенли Кјубрик ми рече дека со мене сака да сними филм за Распучин, што го сфатив како комплимент. За жал, генијалниот режисер почина малку потоа – вели Шербеџија.

На прашањето со која улога најмногу се доживеал себеси како актер, Шербеџија вели дека тоа било во неговиот најлош настап.

– Сите го споменуваат Хамлет, но никој улогата која за мене беше најважна, а ја одиграв многу лошо. Тоа беше „Дон Жуан“ од Молиер. Од таа улога најмногу научив и тој неуспех најмногу ме погоди – вели Шербеџија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top