Актерот Раде Шербеџија изјави дека требало да го толкува ликот на една од најмистичните и најконтроверзни личности во руската историја, Распучин, но дека веќе договорениот аранжман пропаднал поради смртта на режисерот Стенли Кјубрик.
– Откако го снимив последниот филм „Очи широко затворени“ со Никол Кидман и со Том Круз, Стенли Кјубрик ми рече дека со мене сака да сними филм за Распучин, што го сфатив како комплимент. За жал, генијалниот режисер почина малку потоа – вели Шербеџија.
На прашањето со која улога најмногу се доживеал себеси како актер, Шербеџија вели дека тоа било во неговиот најлош настап.
– Сите го споменуваат Хамлет, но никој улогата која за мене беше најважна, а ја одиграв многу лошо. Тоа беше „Дон Жуан“ од Молиер. Од таа улога најмногу научив и тој неуспех најмногу ме погоди – вели Шербеџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сите ми доаѓаат освен мојата Вања: Шербеџија открива зошто ќерка му не му доаѓа на гости
-
Лондонската приказна на Шербеџија: Што ни направија, Раде да шета туѓи деца по Лондон!
-
Што му рекол Бог на секој хороскопски знак кога го создавал?
-
Јан Харлан, продуцентот на Кјубрик вечерва во разговор со публиката на Скопје филм фестивал