Вицепремиерот истакна дека овој договор за набавка на четири дизел-моторни гарнитури и две електро-моторни гарнитури во рамки на Проектот за обнова на возниот парк на „МЖ Транспорт“ АД-Скопје претставува само 10 отсто од она што се предвидува да се вложи во наредниот период.
– Железницата, иако е најевтин начин на траспорт, досега не беше целосно искористена, а причините за тоа беа недостатокот на инвсетиции во инфраструктура, вагони и локомотиви. Стратегијата на Владата за модернизација на македонските железници е јасна, прво ивестиции во инфраструктурата и инвестиции во нови вагони – истакна Ставрески.
Ставрески посочи дека како партнер во реализацијата на овој проект е кинеската Корпорацијата „ ЦСР“, една од најголемите компании во светот за производство на вагони и локомотиви и според договорот првите гарнитури ќе бидат испорачани за 12 месеци.
Новите патнички гарнитури ќе имаат капацитет од околу 1200 патници, целосно ќе бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди, како и стандардите на превоз на лица со ограничена мобилност.
– Денес почнуваме со една нова поинаква слика за железницата, за железничкиот транспорт во нашата земја. Со тоа продолжуваме со модернизација на состојбите во железничкиот сектор и негово максимално насочување кон задоволување на потребите на граѓаните со квалитетен ефикасен и ефективен патнички превоз со модерни возови какви што заслужуваат македонските граѓани – истакна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Директорот на „МЖ Транспорт“ АД-Скопје, Оливер Деркоски, истакна дека со овој договор се свртува нова страница во железничкиот сообраќај.
– По 35 години апстиненција од набавки на нови гарнитури на возови за превоз на патници конечно во Република Македонија стартуваме со обнова на возниот парк – потенцираше Деркоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



