| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници неопагани го обележале почетокот на летото кај Стоунхенџ

Илјадници луѓе, меѓу кои имало самонаречени друифи и други неопагани, се собрале кај древниот камен прстен Стоунхенџ за да го набљудуваат излегувањето на сонцето и да го обележат најдолгиот ден во годината на севернта хемисфера. „Ингилш Херитиџ“, кој го одржува овој антички споменик, соопштил дека на рамнината Солзбери, 80 километри југозападно од Лондон, се собрале околу 36 илјади лица кои го посматрале излегувањето на сонцето.

Настанот минал мирно, а приведени биле само 25 лица, пред сѐ, поради поседување наркотици, соопштила полицијата. На рамнината Солзбери, на која се издигнува Стоунхенџ, двојки се бакнувале, многумина танцувале или учествувале во групно вежбање јога. Стоунхенџ е граден во три фази, помеѓу 3000 и 1600 година пред нашата ера, а неговата намена сѐ уште не е разјаснета. Таа мегалитска структура е една од најпопуларните туристички атракции во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top