| четврток, 6 декември 2018 |

Археолози пронајдоа камена арена во близина на Стоунхенџ (ФОТО)

Британските археолози пронајдоа остатоците од огромен камен споменик, скриен под земја и трева, само неколку километри од Стоунхенџ.

stonearena

Деведесет менхири формираат неолитска арена во форма на латиничната буква „c“, која се граничи со сувото речно корито и директно гледа на реката Авон, пренесува „Гардијан“. Експертите со радар „снимиле“ 30 недопрени менхири со висина од 4,5 метри. Остатоците на уште 60 камени блокови или дупки каде камењата биле прободени, ја покажаа целата големина на споменикот.

– Почнуваме да гледаме на ова како на најголем преживеан камен споменик откриен во Британија, а најверојатно и во Европа, сочуван под брегот, рече Винс Гани, арехолог на Бредфорд универзитеотт кој го предводи проектот Скриени пејсажи на Стоунхенџ.

1stonearena

Камењата поставени пред повеќе од 4.500 години за да формираат ритуална арена, сместена се во природна вдлабнатина.

– Веруваме дека станува збор за ритуална арена, рече Гафни чиј тим ги мапираше надземните и подземните карактеристики на земјиштето околу Стоунхенџ. Гафни верува дека камењата стоеле исправено и дека ги собориле неолитски градители при „реконструкцијата“ на Стоунхенџ.

Камењата биле инкорпорирани во помалку невештата јужна лунарна граница на кружниот ров познат како Дарингтон ѕидини, кои се дел од споменикот Стоунхенџ

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top