| четврток, 6 декември 2018 |

Мнозинство Американци сметаат дека војната во Ирак не е вредна за цената

Само 18 проценти од Американци сметаат дека војната во Ирак била вредна за платената цена вклучувајќи ги потрошените пари и губењето животи на американски граѓани, се вели во анкета спроведена во САД.

Дури 75 отсто анкетирани се со став дека војната не била вредна за цената, што е скок во однос на 67 отсто од оние кои дале ист одговор во ноември 2011 година.

Во август 2003 година пет месеци по почетокот на инвазијата, имало 43 отсто од оние кои сметале дека ирачката војна не е вредна за цената.

Според најновата анкета на „Си-Би-Ес“ и „Њујорк тајмс“, 63 отсто републиканци и 79 отсто демократи и независни анкетирани сметаат дека војната не е вредна за платената цена.

Во војната загинаа 4.500 Американци и 500.000 Ирачани, наведе Николас Кристоф во „Њујорк тајмс“.

– Финансискиот експерт од Харвард, Линда Блимес проценила дека вкупните трошоци на САД во војната во Ирак изнесуваат четири трилиони долари – истакна Кристоф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top