| четврток, 6 декември 2018 |

Кери ќе разговара со курдските лидери во Ирак

Американскиот државен секретар, Џон Кери, допатува денес во ирачкиот автономен курдски регион, еден ден по ненадејната посета на Багдад, каде што изјави дека САД ќе му дадат голема поддршка на Ирак во борбата против екстремистите.

keri

Кери, како што се очекува, ќе се сретне со лидерите на трите провинции на Курдистан и ќе побара од нив да не се повлекуваат од политичкиот процес во Багдад, откако безбедносните сили ја презедоа контролата врз градот Киркук, кој е богат со нафта.

Висок претставник на Стејт департмент изјави дека посетата на Кери е значајна за охрабрување на курдските лидери активно да се вклучат во процесот за формирање влада, вклучувајќи го и изборот на силен претседател, кој ќе може да ги претставува и крудските и ирачките интереси.

Кери вчера во Багдад истакна дека џихадистите претставуваат „егзистенцијална закана“ за Ирак и дека ова е „момент на одлука“ за  лидерите на оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top