-Секој кој ќе се приклучи на Отпорот е добредојден, но секој кој ќе калкулира и ќе ги стави личните пред државните интереси, самиот ќе се исклучи од борбата. ЛДП и ЛП немаат поднесено независни листи, а СДСМ може да исклучува некој, кој е член на партијата- изјави генералниот секретар Андреј Петров.
Според него, единството на „Сојузот за иднината“ е потврдено на вчерашната конвенција на СДСМ во Куманово. Петров нагласи дека на конвенцијата имало преставници на 18 политички партии, кои немаат поднесено листи за изборите и остануваат принципиелни на одлуката бојкот.
– Секој оној кој ќе сака да се приклучи на Отпорот против оваа недемократска власт, е добредојден и ќе треба да се изјасни дека недвосмислено сака да биде на оваа страна. Секој оној кој ќе калкулира и ќе води сметка повеќе за личните интереси отколку за државата, самиот ќе се исклучи од борбата против оваа недемократска власт и ќе биде жална слика за едно време во кое бил украс на недемократска власт- рече Андреј Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ХДЗ за ново „квалитетно мнозинство“ во парламентот
-
МВР: Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на нападот врз Петров
-
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува нападот на Тодор Петров: Спасовски е срам за македонската држава!
-
Петров: Дали си победил или изгубил се мери со гласови на избори (ВИДЕО)