Црвениот крст на Република Македонија од минатиот петок е во постојан конктакт со Црвениот крст на Република Бугарија поради состојбата со поплавените подрачја во Варна.
Делегација на Црвениот крст на Македонија денеска заминаа во посета на бугарскиот Црвен крст.
– Согласно проценките на Националното друштво на Црвен крст Бугарија, во овој период немаат потреба од помош од надвор, но согласно нивните проценки и потреби во наредните денови, остануваме подготвени да дејствуваме и да ги мобилизираме нашите човечки и материјално технички ресурси доколку е потребно, соопшти денеска Црвениот крст на Република Македонија.
Делегација на Црвениот крст на Македонија денеска заминаа во посета на бугарскиот Црвен крст и ќе воспостават контакт со надлежните служби кои постојано ја мониторираат состојбата на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.