| четврток, 6 декември 2018 |

За компаниите економската состојба во јануари е подобра од декември

статистика графиконСпоред Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на
компаниите во јануари 2013 година како поповолна во однос на декември лани, a како понеповолна
во однос на јануари 2012 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во
однос на претходниот месец. Обемот на производството во јануари 2013 година е поповолен во однос на
претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како
и очекувањата за бројот на вработените. Во јануари 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали,
како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите
производи во јануари 2013 година се незначително зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното
искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2013 година изнесува 60,0% од нормалното
искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јануари 2013 година
имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 27,5%, недоволната домашна побарувачка со
18,8%, неизвесното економско опкружување со 11,4% и финансиските проблеми со 9,5%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top