Џиновски стршени, кои од почетокот на оваа година во Кина усмртија дури 42 лица, а во болница испратија повеќе од 1.600 лица, веќе се вдомија во Франција, од каде и се закануваат на цела Европа.
Инсектите кои можат да пораснат и до осум сантиметри должина, двојно се поголеми од домашните стршлени. Нивното присуство во Франција, за прв пат е забележано во 2005 година и од тогаш многу се размножени, затоа што од нивниот вид речиси и да немаат непријатели.
Нивните убоди оставаат траги кои личат на дупки од куршум, а во Кина на поедини жртви, забележани се и по неколку стотина убоди. Во септември и октомври, овие инсекти се парат и тогаш се најактивни и најагресивни. Неколку од нив можат да убијат повеќе илјади пчели. Тие се гнездат во дивината, но и во кошниците на пчелите кои им ги одземаат.
Нивното присуство беше регистрирано во 39 од 100 француски департмани. Во Кина, најлоша е ситуацијата во градовите Ангканг, Ханзхонг и Шанглуо, на северот од земјата. Властите испратија неколку стотина пожарникари на терен, за да ги уништат колониите. Се верува дека стршлените се агресивни и поради топлата сезона и затоа што започнале да се размножуваат во близина на луѓето. Забележани се случаи дека стршените ги бркале жртвите и по 200 метри.
-Што побрзо трчаш, повеќе те бркаат, рече еден од преживеаните.
Стршените имаат силен отров кој може да предизвика анафилактични шок, па дури и откажување на бубрезите. Азискиот стршлен може да лета и со брзина од 60 километри на час, а опасен е, не само за оние кои се алергични, туку и за останатите. Овој вид стршлени веќе дојде и во соседството. Пчеларскиот сојуз на Словенија, потврди дека забележани се видови од овие стршлени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.