| четврток, 6 декември 2018 |

Дипломатите од ЕУ најавија нови санкции за Русија

Ukraina April 26Дел од шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ се заканија со нови санкции кон Русија доколку Москва не го поддржи украинскиот мировен план и не го запре преминувањето вооружени лици од нејзина територија во Украина.

– Русија води пропагандна војна со сета жестина и нема показатели дека ја затворила гранциата – изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билт.

Тој нагласи дека вооружени лица, па дури и тенкови и натаму ја минуваат границата од Русија кон источна Украина.

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг, пак, изјави дека ако биде потребно, ЕУ би можла да воведе нови санкции кон Русија на заседанието на Европскиот совет кое е закажано за в петок.

– Очекуваме Русија да преземе реални акции за да го запре протокот на оружје преку границата кон источна Украина и да ги натера илегалните вооружени групи да престанат со тоа што го прават сега – рече Хејг.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ утре во Луксмебург ќе се сретнат со новиот шеф на украинската диполматија Павло Климкин, кој се очекува да ги запознае со деталите на мировниот план на претседатлот на Украина, Петро Порошенко.

ЕУ досега воведе забрани за издавање визи и замрзнување активи на официјални руски претставници, обвинети за поттикнување на кризата во Украина, но се воздржува од посторги економски санкции кон Русија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top