| четврток, 6 декември 2018 |

Како до фантастичен орален секс

Знаејќи дека кај секоја жена клиторисот е од клучна важност за уживање во сексот и постигнување оргазам, време е своето знаење да му го пренесете и на партнерот. А, за да го воведете во сите тајни на клиторисот, послужете се со овие реченици.

„Ме пали кога со прстите нежно ми го триеш клиторисот“ 
Напумпајте го неговото его и ете ви совршен рецепт како да се задржи на вашиот клиторист. Пофалби и само пофалби! А ако случајно при тоа не е многу вешт, дајте му до знаење што треба точно да направи.

„Сакам да ме гледаш кога се допирам, а потоа ти ќе продолжиш“ 
Како прво, вашето самозадоволување пред неговите очи многу лесно ќе го возбуди. А и мажите се многу визуелни типови, така што кога еднаш ќе видат и сфатат кои движења ги сакате, многу полесно и сами ќе ги совладаат.

„Стави лубрикант на прстите и така допирај ме“ 
Превземете иницијатива, тоа ќе му биде многу секси, а вашата рака која ја води неговата ќе му ги покаже сите тајни на вашето тело.

„Најмногу сакам кога ме допираш нежно“ 
Кога јасно и гласно ќе кажете што сакате, ја бришете несигурноста и двоумењето од неговата глава.

„Не можам да доживеам оргазам без стимулација на клиторисот“ 
Со оглед на тоа што момците немаат клиторис, немојте да им замерувате што не се разбираат апсолутно во сè. Дајте му до знаење дека без стимулација на клиторисот работата е само до половина завршена и ќе сфатат дека треба да се потрудат повеќе.

Извор: popara.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top