| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов оствари средба со новиот министер за одбрана Јолевски

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.

jole ivan

Иванов  му го честиташе на Јолевски стапувањето на функцијата министер за одбрана на Република Македонија и му посака успех во работата.

На средбата разменија мислења за развојот на Армијата на Република Македонија во согласност со приоритетите на НАТО во рамките на концептот „мудра одбрана“ и за учеството на Армијата на Република Македонија во меѓународните мисии под НАТО, ЕУ и ОН.

ivanov

Министерот Јолевски го информираше претседателот Иванов за планот за претстојните активности поврзани со самитот на НАТО во Велс оваа година.

На средбата, се согласија дека покрај уставните и законските обврски и должности на Министерството за одбрана и АРМ, реформските процеси во функција на одржувањето на компатибилноста со стандардите на НАТО на АРМ и членството на земјата во алијансата претставуваат врвни приоритети и во наредниот период.

ivan jole

Во таа насока беше договорена натамошна тесна соработка и координирани ангажмани меѓу врховниот командант, Министерството за одбрана и АРМ.

Армијата на Република Македонија е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба, па Иванов и Јолевски искажаа подготвеност за максимална посветеност за таквата перцепција на граѓаните и понатаму да продолжи.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top