Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.
Иванов му го честиташе на Јолевски стапувањето на функцијата министер за одбрана на Република Македонија и му посака успех во работата.
На средбата разменија мислења за развојот на Армијата на Република Македонија во согласност со приоритетите на НАТО во рамките на концептот „мудра одбрана“ и за учеството на Армијата на Република Македонија во меѓународните мисии под НАТО, ЕУ и ОН.
Министерот Јолевски го информираше претседателот Иванов за планот за претстојните активности поврзани со самитот на НАТО во Велс оваа година.
На средбата, се согласија дека покрај уставните и законските обврски и должности на Министерството за одбрана и АРМ, реформските процеси во функција на одржувањето на компатибилноста со стандардите на НАТО на АРМ и членството на земјата во алијансата претставуваат врвни приоритети и во наредниот период.
Во таа насока беше договорена натамошна тесна соработка и координирани ангажмани меѓу врховниот командант, Министерството за одбрана и АРМ.
Армијата на Република Македонија е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба, па Иванов и Јолевски искажаа подготвеност за максимална посветеност за таквата перцепција на граѓаните и понатаму да продолжи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани





