| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа уписите во средно, има околу 35.000 слободни места

upisi-sredno02

Вкупно 35.195 слободни места има во македонските средни училишта, а од денеска стартуваат уписите на новите средношколци. Првото пријавување е денеска и утре, а резултатите ќе бидат објавени на 25 јуни.

Во јунскиот рок ќе има и второ пријавување на 30 јуни и 1 јули, а пријавувањето и запишувањето во августовскиот рок ќе биде на 21 август.

Наспроти традиционално големиот интерес за гимназиско образование, од Министерството за образование и наука апелираа до осмооделенците да размислат за избор и на некое од стручните училишта, бидејќи тој кадар е дефицитарен во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top