Петгодишниот Јаман, син на босанската пејачка Емина Јаховиќ и нејзиниот сопруг, Мустафа Сандал, не ги одобрува видеоспотовите на неговата мајка.
– Моите синови се свесни за работата на мама, но Јаман беше многу навреден поради мојот последен видеоспот на песната „Несаница“. Тој се налути кога ме виде со друг маж и се обидов да му објаснам дека тоа е дел од мојата работа, дека тоа е нешто што само го сработувам – вели Емина за српски „Блиц“.

Емина вели дека, сепак, успеала да му објасни.
– Му кажав дека не го сакам тој човек, туку дека го сакам само неговиот татко. Едно време го гасеше телевизорот кога и да почнеше видеото. Тогаш јас почнав да му се лутам, но се смиривме. Помладиот син, двегодипниот Јавуз, е сосема друга приказна. Тој игра на песната и се воодушевува кога ќе ја чуе – вели Емина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој е турскиот милијардер, новото момче на Емина Јаховиќ: Еве на што падна пејачката!
-
Алармантно ослабната: Емина во тешка депресија по разводот (ФОТО)
-
Еве како изгледаше Емина Јаховиќ пред пластичните операции
-
Минува низ најтешките моменти: После објавата за развод, потегот на Мустафа ги растажи сите!


