В петок, 27 јуни, ќе исплови првиот брод на релација Охрид – Поградец. Бродот „Александрија“ ќе ја реализира првата туристичка тура во Албанија откако деновиве во присуство на официјални претставници од двете држави и градовите беше официјализирано воспоставувањето на долгонајавуваната бродска линија Охрид – Поградец, објави „Охрид њуз“.
Бродот „Александрија“ ќе тргне од Охрид во 10 часот од градското пристаниште, а враќањето од Поградец е во 16 часот.
Цената на повратниот билет изнесува 600 денари.
Бродската линија Охрид – Поградец ќе биде чартер-линија во текот на туристичката сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.