Има работи кои можат веднаш да се направат и за нив се пристапува за брзо завршување. Пред изборите ветуваме, а граѓаните ни даваат доверба за тоа. Фер е да се исполни ветеното најбрзо што е можно. Затоа завчера беше изгласано еднократното отпишување на долговите на граѓаните од социјално ранливите категории. Со овој проект се опфатени примателите на социјална и постојана парична помош, невработените кои активно бараат работа 12 месеци и оние кои во несреќни околности го изгубиле својот брачен другар и способноста за плаќање на сметките, истакна премиерот Груевски при гостувањето во Дневник 2 на МРТ1.
Утврдени се условите во законот, ќе бидат вклучени ЕВН, Топлификација, односно новата компанија која доаѓа на нејзиното место, извршителите, нотарите, баните, кредитите под Г и Д категоризација, радиодифузна такса.
Премиерот потенцираше дека Министерството за финансии силно работело за овој закон да биде прецизен и додаде дека ова било првата точка која се разгледувала во Собранието.
– По носењето на законот во Парламентот и неговото стапување во сила граѓаните ќе имаат 30 дена да се пријават, а потоа ќе бидат детално информирани за целосната потребна документација. Потоа соодветните институции ќе си ја завршат својата обврска – додаде Груевски.
Премиерот исто така истакна дека интересот за соработка на компаниите за овој проект е добар и смета дека не би требало ни во иднина да има непредвидени проблеми.
Тој рече дека со овој проект ќе им се помогне на оние кои се во најтешка состојба и додаде дека тие треба да добијат дополнителна помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски