Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, победи на трката за Големата награда на Австрија, осма во годинешното првенство на Формула 1. Розберг ја забележа третата победа оваа сеозна, шеста во кариерата.
Трката во Австрија се возеше по пауза од 11 години, а Розберг до победата стигна пред клупскиот колега Луис Хамилтон и Валтери Ботас од Вилијамс.
Мерцедес по шести пат оствари ‘еден два победа’, додека Ботас го оствари најголемиот успех во кариерата, откако првпат избори пласман на подиумот.
Пласман од четвртото до десетото место на „Ред Бул ринг“ изборија: Фелипе Маса (Вилијамс), Фернандо Алонсо (Ферари), Серхио Перез (Форс Индија), Кевин Магнусен (Мекларен), Даниел Рикардо (Ред Бул), Нико Хилкенберг (Форс Индија), Кими Раиконен (Ферари).
Првенството во Формула 1 продолжува на 6-ти јули кога ќе се вози трката за Големата награда на Британија, на патеката во Силверстон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Ф1: Неверојатното претекнување на Хамилтон – „3 муви со еден удар“! (ВИДЕО)


