Кинеска компанија почна со изградба на пристаниште на Бахамите, проект вреден 39 милиони долари.
Изградбата почна синоќа на островот Абако, втор по големина на Бахамите и тоа е прва кинеска инвестиција на тој остров во Атлантскиот Океан, источно од Флорида, а северно од Куба и Карибите.
Официјални претставници од Владата на Бахами наведоа дека очекуваат пристаништето да стане оперативно за две години. Проектот го финансира Владата на Бахами и Извозно-увозната банка на Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.