Од викендов до 2-ри март, во живописниот предел на село Лазарополе, уметничката група „ЅЕЕ“, која е составена од 10-тина млади македонски скулптори, започна со реализација на планираниот проект УМ/А-1 во зимски услови.
Групата „ЅЕЕ“ изразува интерес за уметноста и науката, каде ќе реализира објекти, инсталации, интервенции во снег како медиум за нивна изведба. Авторите ќе создаваат дела, кои ја потенцираат важноста од неопходното човеково опстојување, насочено на уметноста како моќен двигател на животот, во содејство со природата и почитувајки ја истата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.