Истражниот комитет на Русија побара да биде распишана меѓународна потерница за министерот за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков и гувернерот на Дњепропетровската област, Игор Коломојски, истакна портпаролот на комитетот, Владимир Маркин.
Рускиот истражен комитет денеска покрена обвинение против Авков и Коломојски поради „употреба на забранети методи на војна“ во врска со воената операција на Владата во Киев против сепаратистите во источниот дел на Украина.
– Двајцата ќе бидат гонети на територијата на сите држави членки на Интерпол, истакна Маркин.
Тој, исто така, додаде дека над 1.000 украински граѓани побарале од руските истражни власти да поднесат обвиненија во Меѓународниот кривичен суд во Хаг и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради начинот на кој властите во Киев ја спроведуваат операцијата против сепаратистите во Украина.
фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина