| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се истрижи ли Фелаини конечно?

Белгискиот фудбалер Маруан Фелаини вети дека ќе се истрижи во случај неговата репрезентација да ја освои титулата на Светското првенство во Бразил.

– Ќе се истрижам ако го освоиме Светското првенство – изјави Фелаини.

Сепак, ова не е прв пат Фелаини да најави дека ќе оди на фризер, бидејќи тоа го вети доколку неговиот тим успее да се пласира во Лигата на шампиони, а во тоа не успеа ниту со Стандард, Евертон и Манчестер Јунајтед.

Белгијците мундијалот го започнаа со победа над Алжир со 2-1, а Фелаини беше стрелец на еден од головите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top