Чешкиот пратеник Игор Јакубчик ја навреди Католичката црква нарекувајќи ја сојузник на нацистичка Германија кој ги одобрувала убиствата на Евреите за време на Втората светска војна. Изјавата на пратеникот на Социјалдемократите предизвика негодување кај членовите на десничарската опозиција кои удираа на пратеничките клупи, јави дописникот на МИА од Прага.
– Католичката црква за време на Втората светска војна не страдаше, туку беше еден од најголемите сојузници на нацистичка Германија. Католичката црква го одобруваше отстранувањето и убиствата на Евреите, рече Јакубчик на седницата на која се разгледуваа одложувања на роковите за враќање на црковен имот.
Дел од опозициските пратеници побараа извинување од Јакубчик. Поранешниот министер за правда Павел Блажек рече дека премиерот и претседател на ЧССД, Бохуслав Соботка исто така се изјаснува како католик и според него би било логично да де заклучи дека и тој признава соработка со нацистите.
– Имате две опции: или да се застрелате или да побарате недоверба на владата”, му порача Блажек на Јакубчик. Јакубчик, подоцна објасни дека нема ништо против актуелната црква, која за време на комунизмот страдала, но ,,му пречи она што се случувало по 1948 година и за време на Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одреден притвор за уште еден опозициски пратеник во Црна Гора
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!
-
Како ве лажат: За комуњарските медиуми, бугарските зборови со кои ни се обраќа грчкиот пратеник, станаа македонски јазик (видео)
-
Нема промени – Лазаров останува во составот против Чешка


