| четврток, 6 декември 2018 |

Класични чанти за сите времиња

Чанти за некои жени се како чевлите. Им претставуваат слабост и, едноставно, не можат да им одолеат. Освен тоа, чантата станува дел од самата жена и ја открива нејзината елегантност, женственост, вкус, безвременски шарм...

Сите жени штоw имале шанса да носат евтини, но и скапи дизајнерски модели облека, чевли, па и додатоци, знаат дека во некои модели вреди да се инвестира бидејќи, практично, се вечни.

Секоја жена треба во својот орман да има еден класичен црн фустан, класични високи потпетици и една едноставна, но безвременска чанта.
Со вакви парчиња облека, за кои, можеби, и ќе одвоите поголема сума пари, на крајот ќе бидете повеќе од задоволни бидејќи ќе ги носите долго, па затоа и ќе ви се исплатат.

Чантите за некои жени се како чевлите. Им претставуваат слабост и, едноставно, не можат да им одолеат. Освен тоа, чантата станува дел од самата жена и ја оддава нејзината елегантност, женственост, вкус, безвременски шарм…

 

Atraktivno93-2

„Ермес биркин“

Ова е една од најскапите чанти на светот. Токму чанта „ермес биркин“ носеше Саманта во сега веќе култната серија „Сексот и градот“. Ако ја купите, ќе ја имате засекогаш, можеби и ќе може да ја оставите во наследство бидејќи цената нема да ѝ падне. Името оваа чанта го доби по актерката и пејачка Џејн Биркин и, верувале или не, таа е креирана уште во 1986 година. Денес, нејзината просечна цена се движи околу 20.000 долари. Оваа чанта на себе има минијатурно лого, но дизајнот ѝ е препознатлив од далеку.

 

Atraktivno93-3

„Шанел 2,55“

Оваа чанта ја креирала лично Коко Шанел во февруари 1955 година, а денес уште е една од најчестите копии во светот. Тоа не е за изненадување бидејќи е убава, елегантна, женствена. Можете да пронајдете и класична верзија на таа чанта, чијшто редизајн го направи лично Карл Лагерфелд во почетокот на 80-тите години на минатиот век. Популарна е и чантата од 2005 година. Исто така, може да се купи и во други бои…

 

Atraktivno93-4

„ИСЛ муз“

Ова е една од новите креации, кога зборуваме за класични чанти, бидејќи беше промовирана во 2006 година. И по толку години, не паѓа нејзината вредност. Во суштина е многу едноставна, може да се купи во разни величини и бои, па можеби поради тоа уште е попривлечна за жените со различен вкус и стил на облекување.

 

Atraktivno93-5

Класична градска чанта од „Баленсијага“

Оваа чанта е достапна во седум бои и веќе неколку години е една од најпродаваните чанти на светот, поради својот безвременски изглед и можност за комбинирање со различни видови облека. Ова е модел во кој вреди да се инвестира.

 

Atraktivno93-6

Чантата на Софија Копола

Режисерката и дизајнерка Софија Копола ја креираше оваа чанта за модната куќа „Луј Витон“ и веројатно засекогаш ќе има корист од тоа. Оваа безвременска чанта, навистина, има шарм, кој им одговара на многу жени што сакаат убава и практична чанта, а која ќе се носи со многубројни стилови и во разни пригоди. Освен тоа, може да се набави во разни бои, а сите се направени од јагнешка кожа…

 

Atraktivno93-7

Чанта „леди диор“

Оваа чанта на „Диор“ најмногу ја носеше принцезата Дијана, па, практично, таа и ја прослави. Тоа придонесе чантата да биде уште побарана и поженствена. Се работи за рачно изработена чанта од јагнешка кожа, која е многу елегантна, префинета и женствена. Ова е совршена чанта за свечени пригоди.

 

Atraktivno93-8

Чанта од „Луј Витон“

Не треба да бидете голем љубител на материјали со монограми, но малкумина се тие што можат да ѝ одолеат на класиката на Луј Витон. Освен оригиналниот отпечаток на првата чанта, оваа чанта е достапна во таканаречен „дајмлер принт“ и „дајмлер азуро принт“, така што може да ја одберете таа чанта што најмногу одговара на вашиот вкус. Исто така, има неколку величини на тие чанти, а во тие со средна големина може да собере и помал лаптоп.

 

Atraktivno93-9

„Мулбери нили“

Ако барате безвременска чанта во која има многу класични елементи, но која изгледа луксузно, „мулбери нили“ е, дефинитивно, таква. Во облик на писмо, оддава софистицираност и префинетост. Изгледа фантастично во сина, црвена и во беж боја..

 

(Пишува: Александра М. Бундалевска
Текст објавен во 93. број на неделникот „Република“, 13.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top