| четврток, 6 декември 2018 |

Настраданите момчиња во Белград возеле со 220 километри на час

Петте момчиња што загинаа во сообраќајната несреќа која се случи на Батајница, на автопатот кон Нови Сад, рано утринава, во моментот кога настрадале возеле со 220 километри на час, што го покажува и стрелката за брзина во автомобилот кој е целосно уништен.

Според неофицијалните информации, тие оделе заедно на роденденска прослава.

Се движеле на дел од патот на обиколницата, кој се градел и кој е затворен за сообраќај. На местото на несреќата има издигнатина, која најверојатно била причина за несреќата.

несрека

Петте момчиња биле на возраст околу 18 години.

несрека 2

несрека 3

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top