Само три недели престој во Дубаи биле доволни за босанската пејачка Алма Туцаковиќ да донесе одлука и да стави крај на своето пеење, а сето тоа поради сопругот.
Инаку, Алма се омажила за шеик, на кој му е 23. жена по ред.
– Што се однесува до естрадата, ѝ реков збогум. Најмалку една година. Не сакам да пеам бидејќи сум убедена дека постои друг, подобар живот, кој може да се изгради. Овде ми е преубаво. Уживам со својата пријателка, аредовно ги исполнувам сите мои брачни обврски – изјавила Алма за босанското списание „Експрес“.
Алма вели дека е 23. жена на својот сопруг и дека има комплетна слобода.
– Јас сум неговата 23. сопруга. Како тој да знае каде е една од нас. Ако мислите дека се шегувам, се лажете. Всушност, нема никого во ништо да убедувам. Но ви ветувам дека први ќе имате слики од мојот шеик. Мислам дека до крајот на животот ќе останам тука. Дојдов во најбогатата земја во светот и останувам да живеам тука. Нема да ја заборавам Босна, но ќе се враќам овде Дури сега дишам слободно – изјавила Алма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поранешна љубовница на шеикот раскажува: Бевме 11 девојки, го чекав својот ред за секс
-
Шеикот на Малага се налути: Ѓубрињата од Каталонија нема да ја помирисаат титулата
-
Запознав секси шеик, ќе се мажам во Дубаи!
-
Шеикот на Дубаи во шок: Ненајавено прошетал низ канцелариите на јавните служби, немало никој на работа