| четврток, 6 декември 2018 |

„Сименс“ и покрај санкциите ја продолжува работата со Русија

Германскиот концерн Siemens не ја прекинува соработката со руските компании и покрај санкциите од страна на Европската унија, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

„Ве уверувам дека ниту една пратка, ниту еден договор не под опасност од санкциите. Можам да ве уверам дека Siemens е партнер на кого можете да сметате и покрај тековната ситуација“, изјави претседателот на компанијата во Русија, Дитрих Мелер.

Мелер исто така изјави дека компанијата ќе ја продолжи соработката со руските компании и во проектот за изградба на брза железничка пруга од Москва до Казањ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top