| четврток, 6 декември 2018 |

Три пати повеќе нелегални отколку легални таксисти во Велес

Нелојална конкуренција владее во такси сообраќајот во Веле, објави „Сител“. Бројот на нелегални превозници е три пати поголем од оние кои поседуваат лиценци. Бараат надлежните инспекциски служби да го санкционираат нелегалниот превоз на патници.

-Егзистенцијата е многу лоша за легалние такси превозници. Да ги подмират сите давачки, прашање е на крајот колку ќе им остане за егзистенција за нивните семејства, вели Тони Јосифов, Здружение на такси превозници.

Општинските власти уверуваат дека за кратко време ќе се воведе ред во такси сообраќајот. Од почетокот на идниот месец следуваат засилени контроли на сообраќајниот инспектор и полицијата.

-Дадовме време за прилагодување на дивите таксисти. Тоа значи од први јули почнуваме да ги применуваме законите за јавниот превоз односно за такси превоз, вели Славчо Чадиев, Градоначалник на Велес.

Во Велес дозвола за превоз на патници поседуваат околу 150 лиценцирани возила. Според проценките на легалните таксисти, во градот сообраќаат и над 400 диви такси возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top