| четврток, 6 декември 2018 |

Путин патува на финалето во Бразил

Претседателот на РФ ќе присуствува на финалето во Бразил, каде после завршувањето на натпреварот ќе и биде предадено правото на Русија за одржувањето на следното Светско фудбалско првенство, пренесуваат руските медиуми.

Финалето е закажано на 12 јули на стадионот „Маракана“, во Рио де Женеиро. На церемонијата на предавање, покрај Путин, ќе присуствува и претседателката на Бразил Дилма Русев, како и бројни спортски функционери, вклучително и членовите на Организациониот комитет за подготовка на СП – 2018, а и претставници на 11 руски градови каде истото ќе биде одржувано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top