| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Капитални проекти, пониски цени на лековите и нова опрема во здравството

lekovi

Капиталниот проект за изградба на нов објект на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, набавка на нова медицинска опрема, обука на лекари во врвните светски центри, како и привлекување нови инвестиции и пониски цени на лековите, се дел од целите во областа на здравството наведени во Предлог-програмата на новата влада, соопшти мандатарот Никола Груевски во неговото експозе пред пратениците на Собранието на Република Македонија.

– Во здравството следува капиталниот проект за изградба на нов објект на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, како и Клиничка болница во Штип, нова болница во Кичево и голем број реновирања и реконструкции на болници, меѓу кои и во Тетово и Струмица, проектот за обука на лекарите во најсовремени светски центри и повеќе други. Ќе се продолжи со обезбедување нова медицинска опрема, но и мерки за максимална искористеност, како и одржување на постојната. Ќе се продолжи и со намалувањето на цената на лековите. Ќе се направи обид преку формирање здравствени слободни зони да се привлечат нови инвестиции во здравството, рече мандатарот Груевски на собраниската седница за избор на новата влада

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top