| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот верува дека пратениците од опозицијата наскоро ќе се вратат во Собранието

Sednica za nova vlada 02 (Custom)

Мандатарот на новата Влада Никола Груевски во денешното експозе изрази уверување дека пратениците од опозициската СДСМ и коалицијата што не ги имаат прифатено пратеничките мандати наскоро ќе се вратат во Собранието на Република Македонија и ќе ја извршуваат функцијата за која ја добиле довербата од граѓаните.

Тој им го честита изборот на сите пратеници и им порача дека од нив, како коректив на Владата, во голема мера зависи успехот на Македонија и дека со искрен пристап кон работата, заеднички ќе  може да се оправда довербата што ja добиле од граѓаните.

– Честитката еднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до тие што поради политиката и  интересите на партиското раководство решија денес да нè следат преку медиумите, и за кои верувам набрзо ќе се вратат во оваа сала, за која толку многу ги молеа граѓаните да им ја дадат таа шанса, и тоа само пред околу два месецa – рече Груевски во експозето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top