
Мандатарот на новата Влада Никола Груевски во денешното експозе изрази уверување дека пратениците од опозициската СДСМ и коалицијата што не ги имаат прифатено пратеничките мандати наскоро ќе се вратат во Собранието на Република Македонија и ќе ја извршуваат функцијата за која ја добиле довербата од граѓаните.
Тој им го честита изборот на сите пратеници и им порача дека од нив, како коректив на Владата, во голема мера зависи успехот на Македонија и дека со искрен пристап кон работата, заеднички ќе може да се оправда довербата што ja добиле од граѓаните.
– Честитката еднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до тие што поради политиката и интересите на партиското раководство решија денес да нè следат преку медиумите, и за кои верувам набрзо ќе се вратат во оваа сала, за која толку многу ги молеа граѓаните да им ја дадат таа шанса, и тоа само пред околу два месецa – рече Груевски во експозето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


