| четврток, 6 декември 2018 |

Јуни: Време кога се јаде млад зеленчук

Јуни е месец кога пазарите изобилуваат со млад зеленчук, така што овој перод максимално треба да се искористи за приготвување вкусни варива и кашички.

Се случува фазата на воведување зеленчук во исхраната на бебето да помине сосема безболно, но има деца кои долго и жестоко се спротивставуваат да пробаат јадење со соленкаст вкус.

Сочувајте ги витамините
Зеленчукот е слабо калоричен, но содржи многу витамини и минерали. Освен тоа, целулозата, со која исто така е богат, благотворно дејствува врз контракциите на цревата и го поттикнува варењето. Цедете сокови од овошје и зеленчук и веднаш давајте му ги на бебето, бидејќи витамините на воздух оксидираат и ја губат хранливата вредност. Витамините
исчезнуваат и при готвењето, особено витаминот Ц, кој е многу чувствителен на висока температура.

Здрава подготовка
Под вариво се подразбира малку сварен или испасиран зеленчук. За да ги сочувате хранливите вредности во варивото, особено минереалните соли, измиениот и исчистен зеленчук прелијте го со превриена вода. На тој начин се згрутчуваат материите во клетките, па со натамошното варење се спречува преминот на хранливите материи во водата во која го
варите зеленчукот. Подобро е зеленчукот да се готви во солена вода, бидејќи на тој начин се намалува губењето на хранливите состојки.

Кои видови зеленчук се погодни?
За почеток, определете се за кашички подготвени од зеленчук со сладок вкус (млад морков, сладок компир и млад компир, тиквици). Кога бебето ќе прифати неколку видови зеленчук, почнете да му давате и други видови, отприлика по овој редослед: карфиол, брокули, спанаќ, блитва, грашак, млада боранија. По првиот роденден почнете да му давате на детето суров зеленчук во вид на мешани салати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top