| четврток, 6 декември 2018 |

Расмусен: Руски сили повторно се натрупуваат на границата со Украина

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека руските сили повторно се распоредуваат на источната украинска граница, што тој го нарече разочарувачки чекор назад.

– Сега гледаме ново зголемување на бројот на руски војници околу украинската граница. Распоредени се најмалку неколку илјади дополнителни руски војници – изјави Расмусен во Лондон.

Тој тоа го оквалификува како „многу разочарувачки чекор назад“.

– Се чини дека Русија држи отворена опција за интервенција во Украина. Меѓународната заедница би требало да одговори непоколебливо ако Русија интервенира во Украина – изјави Расмусен.

Тој предупреди дека тоа би значело воведување економски санкции од поширок обем против Русија, што ќе имаат „големо штетно влијание врз руската економија“.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top