„Пајак-службата“ попладнево го расчистуваше теренот од недозволено паркирани автомобили пред скопскиот суд, каде што во моментов се одржува првото рочиште од процесот кој премиерот Груевски го покрена против опозицискиот лидер Зоран Заев за клевета.
Според неофицијални информации до кои дојде „Пресс24“, меѓу автомобилите кои веќе се наоѓаат во депото на „Пајак-службата“, се и оние на адвокатите на опозицискиот лидер Заев. Тие биле паркирани на булеварот пред судот, иако во непосредна близина има катна гаража каде што паркингот чини само 25 денари за 1 час.
Од полицијата не може да се добијат информации, во чија сопственост се автомобилите кои поради сообраќаен прекршок ги подигна „Пајак-службата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


