Македонскиот бисер – Охрид се најде меѓу десетте најубави места на Балканскиот Полуостров на листата на порталот „Ерт травелинг“ (Earth traveling).
Регионот нуди одлични можности за запознавање на историјата, локалната и традиционалната храна, авантури и прекрасна природа што ретко може да се најде низ светот, пренесува порталот.
Охрид секоја година го посетуваат сѐ поголем број туристи, а Охридското Езеро по многу нешта е единствено во светот. Тоа е седмо најдлабоко езеро во Европа и е број еден туристичка дестинација во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.