Надворешната политика на американскиот претседател Барак Обама не ја одобруваат 57 проценти од Американците, покажуваат резултатите од спроведената анкета на телевизијата „Ен-Би-Си“ и весникот „Волстрит журнал“.
Надворешнополитичкиот курс на Обама го одобруваат само 37 проценти од испитаниците.
Анкетата покажува дека 44 проценти од американските граѓани сметаат дека не било правилно Обама и неговата администрација да разменат петмина талибанци од затворот во Гвантанамо за американскиот подофицер Бо Бергдал, кој беше киднапиран во Авганистан.
Позитивна оценка за целосниот ангажман на Обама имаат 41 процент од анкетираните, додека 54 отсто сметаат дека тој не е способен да ја води државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.