| четврток, 6 декември 2018 |

Актерката Викторија Степановска со филмот „Врати“ во Кан

photo

На годинешниот филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржи од 15-ти до 26-ти мај ќе учествува и краткиот филмот „Врати“ на италијанскиот режисер Микеле де Анџелис. Во филмот на Анџелис главната улога ја толкува актерката Викторија Степановска.

Филмот се снимаше минатата година во Македонија и е копродукција помеѓу Италија, САД и Македонија. Освен Степановска, улогите ги толкуваат и Иван Јерчиќ, Ратка Радмановиќ, Маја Андоновска, Слободан Степановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top