| четврток, 6 декември 2018 |

Путин пратил вооружени авиони, Британците ги подигнале ловците!

tu-22m-3

Неколку авиони од британското воено воздухопловство вчера биле ангажирани да пресретнат најмалку шест руски ловци и еден транспортен авион, кои летале во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото море, премногу блиску до територијата на три балтички држави, инаку членки на НАТО.

Полетале ловците од типот „Тајфун” а воочени биле и четири типови Sukhoi Su-27, еден од типот A50 и бомбардер од типот “Tupoljev Tu22 – Backfire”. Бил идентификуван и транспортен “Antonov An26”, а сите наводно вршеле рутински летови.

“Ги држевме руските летала под надзор. Ги следевме и надвор од подрачјето во кое летаа”, стои во соопштението на британското воздухопловство, односно RAF.

Од RAF објавиле и неколку фотографии од воздухот, на кои се гледаат некои од воочените руски авиони.

НАТО поради ситуацијата во Украина минатите месеци го зголемила своето присуство на Балтикот, со оглед на тоа дека три членки на алијансата, некогашните советски републики Естонија, Литванија и Латвија, пројавиле загриженост од ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top