Битолскиот Народен театар следната седмица на репертоарот има три драми од Антон Павлович – Чехов, Вилијам Шекспир и од Горан Стефановски.
Денеска и утре ќе се изведе претставата „Вишновата градина“ од Чехов, во режија на Ѕвездана Ангеловска, в среда и четврток на репертоарот е „Хенри Шести“ од Шекспир во режија на Џон Блондел, додека в петок и сабота ќе се игра „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Претставите почнуваат во 19.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



