| четврток, 6 декември 2018 |

„Будни со книга“ вечерва во Клубот Матица

„Будни со книга“ или 24 часа на Булеварот на книгите е настан што денеска (среда, 18 јуни) го организира Клубот Матица, а на кој ќе бидат претставени дела од светски и домашни автори, со огромни попусти. „Будни со книга“ е одлична можност за сите вљубеници во книгата, прилика која не се пропушта, манифестација на која книгите од различни жанрови може да се купат по исклучително популарни цени. Годинава, покрај Лагуна Клубот, се приклучија и светските издавачки гиганти Pan Macmillan, Harper Collins, Penguin, Orion, Random, Transworld – велат од Матица.

Воедно, со оваа манифестација Клубот Матица ќе ја најави и својата традиционална летна книжевна кампања „Со книга на плажа“, манифестација која годинава го прославува својот 15-ти роденден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top