| четврток, 6 декември 2018 |

Ремек-дело на Пикасо крие портрет (ВИДЕО)

Научници и експерти за уметност пронајдоа скриен портрет на едно од првите ремек-дела на Пикасо.

pikaso12

Станува збор за сликата „Сина соба“, а експертите со помош на инфрацрвена светлина под нејзината површина открија портрет на непознат маж насликан во вертикална композиција.
„Сината соба“ е изработена во 1901 година во текот на престојот на Пикасо во Париз и претставува почеток на неговиот син период на меланхолија.
Експертите сега ќе се обидат да откријат кој е мистериозниот маж на сликата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top