
Управата за јавни приходи почна со подготовка и дистрибуција на опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање на радиодифузната такса.
Доставени се опомени до 31.660 фирми поради заостанати долгови и неплатена РДТ во вкупен износ од 37.302.307 денари.
Следната недела ќе почне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани.
– Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една недела од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот – наведуваат од УЈП.
Со цел избегнување на трошоците и мерките за присилно наплатување на долговите, апелираат обврзниците во најкраток можен рок да извршат плаќање на заостанатите долгови.
Доколку обврзникот има извршени уплати кои не се евидентирани во УЈП или има други забелешки потребно е да се обрати до даночните канцеларии на Управата за јавни приходи и да поднесе доказ за извршените уплати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство


